Масерати/ Фото: Википедија

Луксуз за карабинери – добија Mасерати, автомобилот нема да брка криминалци

Возниот парк на италијанската полиција освен со традиционално присутното на Ferrari, сега се збогари и со Maserati. MCPura е редизајнирана верзија на суперспортскиот MC20, а една копија сега ја презеде италијанската полиција поточно карабинерите.

Автомобилот има шасија од јаглеродни влакна и двоен турбо 3,0-литарски Nettuno V6 мотор со 630 КС и 730 Nm вртежен момент. Моторот е поврзан со осумстепен менувач со двојна спојка што ја испраќа моќноста на задните тркала.

Сепак, ова Maserati нема да брка криминалци. MCPura ќе се користи за итен транспорт на органи и крв. Автомобилот доби полициски бои, како и ротирачки светла на покривот и браниците. Внатрешноста е прилагодена на функцијата, со вградена опрема за одржување на органите за време на транспортот, објавува Revijahak.

Покрај Maserati, карабинерите ја презедоа и новата Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio. Има двоен турбо 2,9-литарски V6 мотор со 520 КС и механичко задно диференцијално заклучување. Тој автомобил веќе ќе ги брка оние што го кршат законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот