Лукашенко: Преживеавме, Белорусија го издржа притисокот на западните санкции

Александар Лукашенко
Белорускиот претседател Александар Лукашенко/ Фото EPA-EFE/MAXIM GUCHEK / POOL

Белорусија го издржа притисокот на западните санкции и има пазар за своите производи, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Преживеавме. Најважно е што имаме каде да ги продаваме нашите производи“, рече белорускиот претседател во Гомељ, на средба со вработените од компанијата за производство на накит Кристал, пренесуваат руските медиуми.

Тој изрази уверување дека ако има продавач и купувач, тогаш никакви санкции не можат да му пречат и потсети дека на членовите на владата им забранил падот на показателите да го оправдуваат со влијанието на санкциите, пренесуваат руските медиуми.

Според Лукашенко, во Белорусија посебно внимание се посветува на развојот на новите пазари, особено соработката со земјите од африканскиот континент.

-Воспоставени се добри односи со Зимбабве, а се очекува возвратна посета на Екваторијална Гвинеја, прецизира белорускиот лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот