Лукаревска за аферата со нафтата: Една од фирмите воопшто немала бензинска пумпа

Сања Лукаревска, потпретседател на СДСМ/Фото: Методи Здравев

Три нафтени компании од кумановско-липковскиот регион со фиктивни фактури сакале по основ на поврат на ДДВ да испумпаат од буџетот над 2,6 милиони евра. Злоупотребени се и логоа, потписи и печати на добавувачи на поголемиот дел од фактурите па така станале и сомнителни, изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменика претседателка на СДСМ, во вечерашното издание на Топ тема на Телма ТВ.

„Тука ни се отвори уште еден сомнеж, бидејќи истите тие немаат реагирано. Книговодствено, ако некаде имаме влез, мора да имаме излез од другата страна. Тоа всушност е основата на даночното работење.Сме утврдиле дека имаме 80 фактури. На пример, во книговодствената евиденција на еден добавувач е прокнижена само една излезна фактура, чија вредност е за, речиси, 43 пониска од износнот на книжените влезни фактури кај даночниот обврзник во третиот случај“, соопшти Лукаревска.

Управата за јавни приходи денеска објави детали за шемата на овие правни лица, преку која се обиделе да нанесат штета на државната каса, која ја полнат и граѓаните и фирмите. УЈП утврдила и дека направиле и затајување на данок на личен доход во износ од над 300.000 евра. Кај првата компанија потоа како сопственик и управител се јавува државјанка од Хрватска, а кај другите две државјанин од Косово.

Првиот и третиот случај имаат соодветна поврзаност преку соодветен ист сопственик, односно основач, каде што по промената на податоците во тековната состојба во Централниот регистар, тој всушности си го сменил и своето презиме. Првиот и третиот случај имаат и ист овластен сметководител кој што работи исклучливо само за тие два даночни обврзника, појасни Сања Лукаревска, во вечерашната „Топ тема“ во врска со истрагата за три даночни обврзници од нафтениот бизнис кои се обиделе со лажни фактури да испумпаат 2,6 милиони евра од државниот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот