Лукаревска вели дека имаат подобри кадровски решенија, Ковачки убеден – големата победа следи на 8 мај

Синоќешните бројки се показател и аларм за презентација на натамошните мерки и програмски определби до следниот круг и парламентарните избори – вели Сања Лукаревска, носител на листата во третата изборна единица. Наспори неа, носителот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки вели дека резултатите од првиот круг на претседателските избори, ќе се пресликале на 8 мај.

„Ќе тропнеме на секоја врата и да поразговараме повторно со граѓаните како и до сега да ги слушнеме критиките, за да видиме што го предизвика нивниот револт. Можеби 8 Мај ќе даде можеби поинаков распоред на силите. Ако сакаме да се стремиме кон правда и правичност европските вредности тоа ќе ни го овозможат. Потфрливме во кадровските политики. Не смееме да дозволиме Претседател на државата да се избира во Собрание. На 8 Мај ќе ги видиме изборните комбинаторики, секоја опција што ги дели нашите определни е добредојдена. Ако ја црпиме моќта од граѓаните, мора да сме внимателни на наративот и да не предизвикуваме иритации кон било кој во нашата државата.Збор по збор се гради тврдина, не камен по камен, со биквити, кекси и млеко не покажуваме ни најмала пристојност кон електоратот што треба да не’ избере“, рече Лукаревска во Само вистина на Канал 5.

Ковачки вели дека Промените тргнале вчера и ќе биле потврдени на 8 мај.

„Пендаровски е поразен со повеќе гласови отколку што ги освои. Промените се можни и тргнаа вчера, на 8 Мај ќе бидат потврдени, СДСМ ќе го трча последниот круг. Подадовме рака на секој субјект и повикавме на државно обединување за да се стави крај на криминалот, корупцијата и распродавањето на националните интереси. ДУИ може да повикува на бојкот, но како НАТО членка не смее да се остави државата без врховен командант. Не земајќи ве вас предвид листата ви е за спас и за имунитет, на дел од криминалците што и нанесоа штета на Макаедонија, а тоа се претмина кои и ќе влезат од листата на ИЕ 3. Набројте една инвестиција во источна Македонија, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе стави нешто на хартија тоа го реализира“, рече Ковачки во Само вистина на Канал 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот