Лука Јовиќ се враќа во Ајнтрахт

Фото: twitter/RMOnly

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ во зимскиот преоден рок ќе го напушти Реал Мадрид и сезоната ќе ја доигра во добро позната средина, Ајнтрахт Франкфурт.

Реал Мадрид се согласи да го испрати Јовиќ на шестмесечна позајмица во германскиот тим откако е јасно дека Зинедин Зидан не смета на неговите услуги. За да дојде до Јовиќ, Ајнтрахт се откажа од ангажман на Џошуа Циркзе од Баерн Минхен и Коло Муани од Нант.

– Работите на последните детали, како што се договорање на лекарски прегледи. Наскоро Лука ќе ни се приклучи – изјави спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобич.

Јовиќ се одлучи да замине на шестмесечна позајмица по разговорот со тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, кој го советуваше напаѓачот да оди на позајмица за да може редовно да игра и што побрзо да се врати во голгетерска форма, а изборот паднал тоа да биде поранешниот тим на српскиот репрезентативец.

Според информациите, Реал Мадрид не дозволува да се вметне клаузула за евентуален откуп на договорот бидејќи пред две години плати 60 милиони евра за Јовиќ, а во исто време се согласи да покрие најголем дел од платата која изнесува 10 милиони евра бруто.

Лука Јовиќ од 2017 до 2019 година играше за Ајнтрахт и на 75. натпревари постигна 36 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот