Луѓето таму не знаат што е нервоза: Ова е градот со најмалку стрес во Европа, а и цените се поволни
Патувањата често носат стрес – нова средина, непознат јазик, различна култура… Сите овие фактори можат да влијаат на нашето искуство и чувство на удобност. Според податоците на „Лејт румс“ (LateRooms), британски портал за хотелски резервации кој ги покрива Велика Британија, Европа и остатокот од светот, подготвен е список на европски градови што нудат најмногу релаксација.
Препорачано
Во критериумите за оценување биле вклучени искуството на аеродромот, цените на хотелите, туристичките атракции и трошоците за превоз. На врвот се нашол Краков. Овој полски град постигнал одлични резултати во клучните категории како што се пристапност пеш, поволни цени и општата атмосфера. Градот со најмалку стрес во Европа се издвојува по својот мир, уреденост и комфорност што им ја нуди на посетителите.
„Калдрмисаните улици и плоштади во Краков се идеални за пешачење, а цените на хотелите започнуваат од околу 80 евра за ноќ. Главниот плоштад е најценета атракција, со просечна оцена 4,8 од 5 на TripAdvisor. За мирна прошетка, упатете се во квартот Казимиерж, каде ќе најдете кафулиња, винтиџ продавници и пријатни вински барови“, наведува LateRooms.
На листата се најдоа и следните градови:
Копенхаген (Данска)
Прага (Чешка)
Берлин (Германија)
Венеција (Италија)
Палма де Мајорка (Шпанија)
Барселона (Шпанија)


