Луѓето се враќале да живеат во Помпеја по ерупцијата
Локалитетот сега е светски позната туристичка атракција и дава увид во римскиот живот.
Најновите истражувања покажуваат дека луѓето се вратиле да живеат меѓу урнатините на Помпеја откако древниот римски град бил уништен од вулканска ерупција, пишува BBC.
Археолозите веруваат дека некои од преживеаните, неможејќи да започнат живот на друго место, се вратиле во Помпеја.
Можеби им се придружиле и други кои барале место каде што би можеле да се населат.
Препорачано
Повеќе од 20.000 луѓе живееле во Помпеја пред ерупцијата на Везув во 79 година од н.е. која закопа и зачува голем дел од градот, пред да биде повторно откриен во 16 век.
Порано се претпоставуваше дека преживеаните се вратиле, а археолозите сега велат дека теоријата се чини дека е потврдена со нови истражувања.
„Благодарение на новите ископувања, сликата е појасна: Помпеја се враќа во живот по 79 година од н.е.“
„Помалку како град, а повеќе како еден вид камп, фавела меѓу сè уште препознатливите урнатини“, рече директорот на локалитетот Габриел Цухтригел.
Археолозите рекоа дека неформалната населба преживеала до 5 век.
Новите наоди укажуваат дека луѓето живееле без инфраструктура и услуги типични за римски град и дека урнатините давале можност да се пронајдат вредни предмети, велат истражувачите.
Се претпоставува дека луѓето живееле на горните катови од куќите над пепелта, додека долните катови биле претворени во подруми.
Уништувањето на градот, како што вели Габриел Цухтригел, „го монополизирало сеќавањето“, и во брзањето да се стигне до добро зачуваните артефакти во Помпеја, „бледите траги од повторното населување на локацијата биле буквално отстранети и честопати избришани без никаква документација“.
Локалитетот сега е светски позната туристичка атракција и дава увид во римскиот живот.


