„Луфтханза“ се мисли да укине 100 летови во Германија
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ би можела да укине околу 100 домашни летови неделно следното лето поради зголемените даноци и аеродромските такси кои ја оптоваруваат профитабилноста, изјави денеска извршниот директор на авиокомпанијата, Карстен Шпор.
Препорачано
– Без да се намалат оперативните трошоци во Германија, новите укинувања ќе бидат неизбежни – изјави Шпор за весникот „Велт ам Зонтаг“, наведувајќи дека се разгледуваат рутите од Минхен до Минстер-Оснабрик и Дрезден, каде компанијата моментално работи со загуба.
Според него, високите такси најмногу ги погодуваат картите во економска класа, додека стапките на пополнетост во повисоките класи се зголемуваат, објави „Блумберг“.
Рајанер оваа недела најави намалување на зимскиот капацитет од 800.000 патници во Германија и откажување на 24 рути поради истите причини.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
40мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


