Германската авиокомпанија Луфтханза
Авиони на германската авиокомпанија Луфтханза/ Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Луфтханза го загуби спорот за државна помош за аеродром

Германската авиокомпанија Луфтханза го загуби долгогодишниот спор околу милиони евра државна помош за регионалниот аеродром во Рајнланд – Фалц.

Европскиот суд на правдата (ЕСП) денеска ја отфрли жалбата на германската авиокомпанија против пресудата на Генералниот суд дека Европската комисија правилно одлучила дека кредитната линија од 45 милиони евра доделена на аеродромот Франкфурт – Хан не ја нарушува фер конкуренцијата.

ЕСП потврди дека државната помош за аеродромот не ѝ наштетила на Луфтханза и ѝ наложи на Луфтханза да ги плати трошоците за постапката на Рајнланд – Фалц и на Европската комисија.

Аеродромот добиваше помош од 2009 до 2011 година, а Брисел ја одобри во 2014 година.

Авиокомпанијата лета само повремено од аеродромот Франкфурт – Хан, а субвенцијата ја критикуваше затоа што била во корист на нејзиниот нискобуџетен конкурент Рајанер.

Компанијата покрена низа судски процеси за државна помош за Франкфурт – Хан и некои доби, а некои загуби.

Поранешниот воен аеродром поднесе барање за стечај во октомври минатата година.

Во 2017 година, кинескиот конгломерат ХНА купи 82,5 отсто од акциите во Франкфурт – Хан од покраината Рајнланд – Фалц за околу 15 милиони евра. Останатите 17,5 отсто сè уште ги држи соседната сојузна покраина Хесен, каде што се наоѓа градот Франкфурт.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот