ЛШ: Манасков и Веспрем во полуфиналето против Кјелце

Дејан Манасков во дресот на унгарскиот клуб Веспрем/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со жрепка во Виена беа одредени полуфиналните двојки на Фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите кој ќе се одржи на 18 и 19 јуни во Ланксес арената во Келн, Германија.

В сабота на 18 јуни актуелниот шампион Барселона ќе ги одмери силите против Кил, а Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков за ривал го има полскиот Кјелце.

Поразените на 19 јуни ќе играат за третото место, а победниците истиот ден ќе играат за титулата.

Барса во меѓусебните дуели има 14 победи, три повеќе од Кил, а две средби завршиле нерешено. Каталонците кои се најтрофејни имаат 10 титули, петпати беа финалисти, а Кил има четири европски титули, последен пат на тронот се искачи во 2020 година.

Веспрем досега четирипати успеа да се најде во финалето, но ниту еднаш не го вкусил трофејот. Кјелце во своето единствено финале во ЛШ триумфираше во 2016 година токму против Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот