Лозано ќе му биде соиграч на Елмас (ФОТО)

Мексиканското крило Ирвинг Лозано летово доаѓа како ново засилување во редовите на Наполи во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

24-годишниот Лозано кој може да игра и во делот на нападот, досега ги бранеше боите на холандскиот клуб ПСВ со 60 натпревари и 34 голови.

Тој со своите најблиски веќе се промовираше како нов играч на Наполи, но прво треба да ги помине лекарските прегледи и потоа официјално го потпише договорот.

Се очекува да потпише на пет години со заработка од 4.5 милиони евра по сезона.

Според „Калчомеркато“, овој трансфер вреди 40 милиони евра, а 20% од нив ќе одат на сметка на неговиот поранешен и прв клуб во кариерата, Пачука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот