ЛОВЕЦ НА УРАГАНИ СО АВИОН ВЛЕТА ВО СРЕДИШТЕТО НА ДОРИЈАН: Вака изгледа „окото“ на монструозната олуја од која стравува Америка (ВИДЕО)

Пилот на американската агенција, Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), влета во центарот на ураганот Доријан, кој достигна моќ од петта категорија.

Видеото направено во пилотската кабина покажува како изгледа летот и како „ловецот на урагани“ успеа да пробие многу моќен и опасен вител и да стигне до центарот каде е мир. Како што е, наведено, тој ја извршил акцијата со авион „Локхид ВП-3Д Орион“, кој го нарекуваат „Кермит“, според ликот на жабата од популарната куклена тв-серија „Мапет шоу“, пренесува „Индекс“.

На видеото се гледа и дека кабината на авионот е украсена со маскота од Кермит.

https://www.facebook.com/watch/?v=2609596279267533

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот