Ловечки друштва од гостиварско: Низ планините ловат поединци кои никаде не се регистрирани

Фото: СВР Тетово

Во Гостивар се одржа средба со претставници на три ловечки друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште, чиј иницијатор и носител беше Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово. На средбата присутните поблиску беа запознаени со одредбите на Законот за лов и Законот за оружје, при што посебно им беше нагласена потребата целосно и без исклучоци безусловно да се почитуваат.

„Тие, исто така, беа информирани и за законските санкции кои се однесуваат на незаконски лов, но и уште еднаш беа потсетени дека не можат да ловат со туѓо оружје или со оружје кое не е регистрирано, а кое претходно им припаѓало на нивни починати блиски. Ловџиите од овие три друштва, пак, на вчерашната средба искажаа нескриено задоволство од досегашната соработка со полицијата и целосно ги поддржаа викенд-контролите кои континуирано се практикуваат есенва и се заложија уште повеќе да се интензивираат. Ловџиите посебно го издвоија како присутен проблемот со поединци кои излегуваат низ ловиштата, а не се членови на друштвата“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Фото: Слободен печат

Вакви средби минатиот месец беа организирани и со претставници на петте ловечки од поширокото тетовско подрачје, односно од Тетово, Брвеница, Теарце и Боговиње.Целта на средбите е ловџиите од Полошкиот регион да бидат навреме информирани за сите поединости кои се однесуваат на важечката законска регулатива и однапред да се превенираат можните проблеми на овој план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот