Ловечка пушка „ТОЗ 63“ / Фото: Јутјуб / Показывает Валера / скриншот

Ловџии бегале од полицијата низ Прилеп, едниот фрлил пушка низ прозор

Ловџија од прилепското село Десово доби кривична пријава откако заедно со уште еден човек со автомобил бегале од полицијата низ улиците на Прилеп, а сопатниот низ прозорецот на автомобилот фрлил ловечка пушка, која полицијата ја пронашла, соопшти МВР.

„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.С.(39) од с.Десово, општина Долнени, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило, кое го управувал пријавениот, но тој продолжил со движење, при што неговиот совозач од возилото фрлил ловечка пушка, која е пронајдена и одземена“, велат од полицијата.

Пијани насилници претепале полицајци пред дискотека, Независниот синдикат обвинува дека биле ослободени по интервенција на висок владин функционер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот