Лош ден за Ѓоковиќ, загуби и во полуфиналето во мешани двојки

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Новак Ѓоковиќ имаше лош ден на Олимписките Игри денеска губејќи во двата полуфинални меча на тенискиот турнир, Прво Ѓоковиќ загуби од Александар Зверев во машкото полуфинале, а неколку часа подоцна е поразен и на турнирот во мешани двојки. Новак заедно со Нина Стојановиќ се поразени од Русите Елена Веснина и Аслан Карацев со 7:6,7:5.

Првиот сет помина во возбудлива игра, Русите прво направија брејк во третиот гем, но Ѓоковиќ и Стојановиќ во наредниот направија рибрејк. Потоа немаше брејкови, а во тај брекот, подобра беше руската двојка која слевеше до 7:4 во поени.

Во вториот сет, Ѓоковиќ и Стојановиќ поведоа со 2:0 и предноста ја одржуваа до осмиот гем кога Карацев и Веснина направија брејк за 4:4, а потоа и поведоа со 6:5. Стојановиќ не успеа да го зачува сервисот во 12 гем и рускиот тандем обезбеди пласман во финалето. Во натпреварот за третото место Ѓоковиќ и Стојановиќ ќе играат против Ешли Барти и Џон Пирс од Австралија, додека финалето ќе биде руско.
Веснина и Карацев за златниот медал ќе играат против Анастасија Пављученкова и Андреј Рубљов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот