Челзи Фото: EPA/DANIEL HAMBURY

Лондонското дерби без победник: Челзи и Арсенал ги поделија бодовите

Во дербито на Лондон на „Стемфорд Бриџ“, Челзи и Арсенал одиграа напнат натпревар кој заврши 1-1. Средбата понуди борбена и динамична игра, особено по исклучувањето на Каиседо во 34. минута, кое го промени текот на натпреварот.

Челзи започна поактивно и создаде неколку шанси, но Арсенал, иако претпазлив во првото полувреме, го зголеми притисокот откако на теренот имаа играч повеќе. Во второто полувреме Тревор Чалоба донесе водство за „сините“ со гол со глава по корнер на Рис Џејмс. Арсенал брзо израмни преку Мерино, кој искористи совршен центаршут на Букајо Сака.

Дуелот продолжи со високо темпо и борбена игра, а Челзи, и покрај играчот помалку, ја одржуваше рамнотежата на теренот. Арсенал имаше повеќе посед и шанси, но Санчез и Раја беа на висина на задачата.

На крајот, по еден бод за двата тима – резултат кој ја одразува тесната и неизвесна игра на теренот.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот