Лондон и оваа година без огномет

Нова Година во Лондон
ЕPA/DANIEL DEME

Познатиот и безмалку спектакуларен новогодишен огномет е откажан втора година поради „неизвесноста предизвикана од пандемијата со ковид – 19“

Во Велика Британија минатата година животот беше под силни рестрикции и локдаун, а иако оваа година рестрикциите попуштија, градоначалникот Садик Кан поради безбедност, повторно го откажа настанот – пренесува Tanjug.

Во нормални услови, околу 100.000 луѓе се собираат во текот на новогодишната ноќ во областа Викторија.

Сепак, Лондон нема да остане без славје – на Трафалгар сквер ќе има дочек на најлудата ноќ, но засега нема официјално објавена програма за настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот