„Loco loco“ го собори рекордот како балканска песна на „Јутјуб“ со најмногу прегледи за 24 часа

Фото: EPA-EFE/SANDER KONING

Во текот на првиот ден, поточно, 24 часа од втората полуфинална вечер на Евровизија, песната „Loco loco“ на српските претставнички на Евровизија го собори рекордот како балканска нумера со најмногу прегледи за 24 часа.

Имено, лајв перформансот на Евровизија достигна неверојатна бројка од 3,6 милиони прегледи за само 24 часа на „Јутјуб“.

Ова е воедно и прва песна од подрачјето на Балканот која го постигнала тој рекорд.


Кога станува збор за светските нумери, рекордот за најголем број на прегледи за 24 часа вчера го собори корејската група „BTS“, која за време на првиот ден од премиерата на синглот „Butter“ имаше повеќе од 113 милиони прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот