Љупко Петровиќ по сообраќајката е во вештачка кома

Фото: Screenshot/YouTube

Легендарниот Љупко Петровиќ по сообраќајката која ја направи возејќи во спротивен правец на автопат во четвртокот се наоѓа во вештачка кома.

Стратегот кој на Црвена Звезда и ја донесе европската титула во 1991 година возеше во спротивен правец на обиколницата околу Белград и во таа ситуаџија се судри директно со Шевролет кој си возеше во својата лента.

Од шокот, Петровиќ доживеал два мозочни удари и сега во вештачка кома, откри кардиохирургот Миљко Ристиќ.

„Љупко го знам приватно, а беше и наш пациент. Правевме некои испитувања. Ме погоди тоа што му се случи, колку што знам е во стабилна состојба, тоа е се што можам да ви кажам, се надевам дека се ќе оди во добра насока. Не го посетив, но сум добро информиран. Во овој момент е во вештачка кома, морам да биде искрен, неговата прогноза во овој момент е неизвесна. Сепак, се надевам дека ќе излезе како победник, оптимист сум. Најкритично беше во првите 48 часа, засега се држи одлично“, изјави Ристиќ за „Информер“.

ВИДЕО | Легендарниот Љупко Петровиќ предизвика сообраќајка возејќи во спротивен правец на автопат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот