Љубоморен насилник ја тепал поранешната девојка и ја истуркал од кола, ОЈО не бара притвор
Минувач ја спасил жената, откако видел како насилникот ја тепал и ја турнал од автомобилот на бетон
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против насилникот кој пред неколку дена ја претепа поранешната девојка и ја исфрли од автомобил на бетонска површина. Тој ќе одговара за нанесување телесна повреда, откако на 4 јануари ја навредувал и ја тепал жената.
Препорачано
„Осомничениот, во напад на љубомора, повеќепати ја удирал жената по главата и телото, по што насилно ја исфрлил од својот автомобил и ја турнал на бетонот меѓу заштитните столбчиња на коловозот. Настанот бил пријавен од минувач, а оштетената била пренесена во болница за укажување лекарска помош“, велат од ОЈО.
Обвинителите сепак не барале притвор за осомничениот, туку само мерка на претпазливост – забрана за приближување и остварување каков било контакт со оштетената во текот на постапката.
Загина работник од Дебар, паднал од зграда додека местел прозорци
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
28мин
-
31мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


