Лиз Харли заведува на 54 години: Актерката во бикини се прошета во природа (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пролетта дојде, а актерката и манекенка Елизабет Харли излезе во природа и го покажа своето прекрасно тело и на 54 години, порачувајќи им на сите да останат дома.

Таа позраше покрај река во горен розев фустан за капење, па многу следбеници на актерката и се восхитуваа на нејзината фигура и рамниот стомак.

Актерката моментално е во изолација со синот Дамијан, мајката Ангела, нејзината тетка и уште пет лица.

– Овде сме вкупно девет луѓе. Овде го имам целото свое семејство, вклучувајќи ги мојата мајка и тетка, но и пријатели кои имаат респираторни проблеми. Параноична сум дека нема да ги задржам на безбедно место. Не пуштам никој дома. Одам до локалната продавница по храна и носам заштитна маска и ракавици – раскажува Елизабет.

Таа рече и дека коронавирусот ја спречува да пронајде љубов со нов маж, бидејќи тоа моментално го посакува.

– Би сакала лудо да се вљубам во некого, што сигурно нема да се случи додека сум затворена со семејството. Можеби кога сето ова ќе се заврши – порача Лиз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот