Ливерпул си обезбеди ново засилување: Минамино доаѓа за 10 милиони евра

Такуми Минамино денеска и официјално треба да потпише договор со европскиот шампион, Ливерпул. Одличниот јапонски фудбалер веќе се наоѓа во Англија каде во текот на денот треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со „црвените“.

Минамино од 1 јануари идната година ќе биде член на лидерот на Премиер лигата, а трансферот ќе изнесува 10 милиони евра. Токму толку изнесува откупната клаузула на Минанимо со Салзбург.

Младиот 24-годишен офанзивен фудбалер ги воодуше сите со своите игри сезонава, а посебно импресивен беше на првата средба помеѓу Ливерпул и Салзбург, по што менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп инсистираше на реализација на трансферот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот