Ливерпул се загрева шампионски, го „прегази“ Блекбурн!

фото: твитер

По еднаш во листата на стрелците се запишаа Мане, Кеита, Минамино, Матип, Хувер и Кларксон.

Пред и официјално да се вратат возбудувањата оваа сезона во Премиер лигата, денеска играчите на Јирген Клоп го одиграа првиот натпревар после паузата поради пандемијата на коронавирус.

Екипата на Ливерпул одигра пријателски меч во кој убедливо славеше над Блекбурн со резултат 6:0. По еднаш во листата на стрелците се запишаа Мане, Кеита, Минамино, Матип, Хувер и Кларксон.

„Црвените“ со оваа победа го најавуваат шампионското славје кое треба да го потврдат во следните натпревари.

Предноста пред второпласираниот Манчестер сити е 25 бодови, а новиот дуел во најсилната англиска лига клубот од „Енфилд“ ќе го има на 21 јуни на „Гудисон парк“ против Евертон.

Доколку Манчестер сити наредната среда загуби од Арсенал, тогаш Ливерпул четири дена подоцна со победа во градското дерби ќе се промовира во нов шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот