27.8 C
Скопје

Ливерпул не се откажува од Лигата на шампионите

Екипата на Ливерпул со 2:0 го совлада Саутепмтон во рамки на 35. Коло во Премиер лигата и ја продолжи битката за освојување на четвртото место на табелата.
За прв пат во листата на стрелци како член на Ливерпул се запиша Тијаго Алкантара, додека вториот гол го постигна Садио Мане.

Сепак, првата изгледна шанса на натпреварот ја имаше Саутемптон чии играчи не ја искористија грешката на одбраната на Ливерпул. Казната стигна експресно, веќе во наредниот напад на асистенција на Мохамед Салах, резултатот го отвори Садио Мане.
„Црвените“ иако имаа доста шанси, победата ја потврдија дури во последните моменти од натпреварот со голот на Алкантара по додавањето на Фирмињо.
Со освоените три бода, Ливерпул сега има 57 бодови за шесто место на табелата, еден помалку од Вест Хем кој исто така има 34 натпревари и шест помалку од четвртопласираниот Лестер кој има одиграно натпревар повеќе.

Поврзани вести

Евро 2020, Захариевски: Не треба да има замерки за фудбалерите, тие се борат, го даваат максимумот и треба да бидеме горди на нив

Зоран Спасоски

ВИДЕО: Шведска од пенал до прва победа на Евро 2020

Слободен печат

Меси мора да ја заврши кариерата во Барселона

Слободен печат

Фудбалерите од Букурешт се преселија во Амстердам

Слободен печат

Крај на кариерата за Данецот, Ериксен е опериран

Слободен печат

Тага во Торино, почина човекот кој го направи Јувентус фудбалски гигант

Слободен печат

Остави Коментар