Ливерпул може да го крене шампионскиот пехар кај најлутиот ривал

EPA-EFE/WILL OLIVER

Доколку триумфираат во наредните шест натпревари, фудбалерите на Ливерпул титулата ќе ја прослават на „Етихад“ стадионот кај Манчестер сити.

Сè уште актуелниот шампион, Манчестер сити, со поразот на гостувањето кај Тотенхем од 2:0 дојде на негатива од дури 22 бодови зад лидерот на табелата, Ливерпул.

„Црвените“ кои на титула во Премиер лигата чекаат дури 30 години, имаат можност да стават сол на раните на „граѓаните“ доколку триумфираат на наредните шест натпревари.

Ливерпул во следните шест кола игра против Норвич, Вотфорд и Евертон на гости, а пред своите гледачи ќе игра против Вест Хем, Борнмут и Кристал Палас и доколку триумфира на сите натпревари, што е сосема реално, тогаш во наредниот седми натпревар ќе добие шампионски шпалир кај најлутиот ривал.

Имено, по шесте натпревари, Ливерпул го очекува гостување на „Етихад“ кај Манчестер сити кој според пропозициите мора да му укаже чест на новиот шампион во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот