Ливерпул извиси за Вернер и социјалните мрежи збудалеа со шегите на нивна сметка

Навивачите на противниците на Ливерпул едвај дочекаа да добијат причина за задоволство.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе остане без своето најголемо засилување Тимо Вернер од Лајпциг.

Екипата на Челси беше побрза и поконкретна од Ливерпул и без размислување се согласи да ја плати откупната клаузула за Вернер која изнесува 60 милиони евра.

Вернер во најскоро време ќе потпише петгодишен договор со кој ќе заработува по 10 милиони фунти годишно.

Ваквиот развој на настаните покрена лавина рекации на социјалните мрежи каде предмет на потсмев е Ливерпул.

Ова се дел од најдобрите „зезанции“ на сметка на „црвените“ на кои утеха ќе им претставува освојувањето на шампионската титула по 30-годишен пост.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот