Фото: EPA

Ливерпул е подготвен: Вечерва започнува Евровизијa 2023

Градот Ливерпул оваа недела е домаќин на Евровизија, откако Обединетото Кралство се согласи дека ќе го организира музичкиот настан, со оглед дека Украина не можеше да го реализира настанот поради војната.

Со песни за љубовта и тагата, мирот и војната, а веројатно и со изобилство блескави костими, претставниците на 37 земји ќе се борат за победа во градот кој е симбол на популарната музика. Сцената на која ќе се претстават учесниците е дизајнирана од Хулио Химеде и треба да симболизира „широка прегратка, отворање на рацете кон Украина, шоу изведувачи и гости од целиот свет“. Се состои од 700 видео панели и 1.500 метри лед светилки, на која неколку денови пред крунисувањето прошетаа кралот Чарлс и кралицата Камила.

Во првата полуфинална вечер покрај нашите соседи Србија и Хрватска, ќе се престават и учесниците од Финска, Шведска, Ирска, Швајцарија, Холандија, Азербејџан, Норвешка, Малта, Латвија, Португалија, Израел, Молдавија и Чешка.

Фото: Instagram/ Eurovision

Во втората полуфинална вечер на 11 мај, ќе се натпреваруваат учесниците од Данска, Ерменија, Романија, Естонија, Белгија, Кипар, Исланд, Грција, Полска, Словенија, Грузија, Сан Марино, Австрија, Албанија, Литванија и Австралија.

Фото: Instagram/ Eurovision

Според обложувалниците и набљудувачите, фаворит за победа во финалето е Шведска, која е претставена од Лорин со песната „Tattoo“, победничката на Евровизија 2012 година.

Во живо во „Ем и Ес Банк Арена“, Евровизија ќе биде следена од 6.000 луѓе, а уште милиони на телевизија. Преносот за македонската публика ќе го обезбеди МРТ, со почеток од 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот