„Little Mix“ стана најуспешна група во историјата на Велика Британија: Дали светот ги доби новите „Spice girls“?

Instagram
Instagram

„Little Mix“ официјално се најуспешната група во музичката историја на Велика Британија, откако нивниот последен сингл за многу кратко време се најде на врвот на сите плеј листи.

Instagram
Instagram

Нивната нова песна  „Sweet Melody“ се искачи на првото место на „The Official Big Top 40“ оваа недела во Велика Британија.

Instagram
Instagram

Ова е шести број еден на „Little Mix“ по нивното формирање во шоуто „X Factor“ во 2011 година. Фактот дека имаат повеќе број еден хитови од која било друга група или бенд во Велика Британија им донесе неверојатна слава која почнува да се шири низ цел свет.

Instagram
Instagram

Групата ја сочинуваат четирите девојки Џејд Тирвол, Пери Едвардс, Ли-Ен Пинок и Џеси Нелсон.

„Little Mix“ минатата недела го издадоа својот шести студиски албум насловен „Confetti“.  Нивниот прв број еден хит беше песната „Wings“ објавена во 2012 година, а три години подоцна  следеше песната „Black Magic“.

Instagram
Instagram

Веќе следната година тие беа на првото место на топ листите со „Shout Out To My Ex“ во 2018 година а потоа и со песната „Woman Like Me“ во која гостуваше и Ники Минаж.

Instagram
Instagram

Очигледно е дека овие девојки работат напорно во обидот да ја прошират својата „таргет група“ на слушатели и обожаватели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот