Липи порачува: Запрете го фудбалот во Италија

твитер

Поранешниот селектор на „аѕурите“ побара од фудбалските власти да реагираат поради епидемијата на коронавирус.

Италија е најзагрозената европска земја од коронавирусот, во моментов се регистрирани 7.375 случаи на лица заболени од коронавирусот, а се починати дури 366 лицa, од кои 133 само во текот на вчерашниот ден.

Се повеќе луѓе сметаат дека треба да се прекинат фудбалските натпреварувања во Италија, а еден од нив е и поранешниот селектор на „аѕурите“, Марчело Липи.

– Време е за носење на сериозни одлуки. Мислам дека најисправна одлука е да се запре првенството. Во Италија има многу луѓе што се заразени од коронавирусот и се мора да се запре. Фудбалерите не смеат ниту да тренираат – изјави Липи.

Натпреварите од 26. коло до Серија А се играа пред празни трибини поради одлуката на италијанската влада која наложи до 3. април сите натпревари да се играат без гледачи.

Одлуката може да биде и променета, доколку се влоши состојбата со епидемијата на коронавирусот, Владата може да донесе одлука да бидат прекинати или суспендирани сите спортски натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот