Лионел Меси се сели во Саудиска Арабија за најскап договор во историјата на фудбалот?!

фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Францускиот „АФП“ објави дека трансферот на Лионел Меси во Саудиска Арабија е „готова работа“, а се повикуваат на извори блиски до преговорите за трансфер.

Според француските медиуми, Меси го прифатил договорот со Ал-Хилал според кој ќе заработи 505 милиони долари.

Британски „Дејли мејл“ шпекулира со цифра од 522 милиони фунти, но нема дилема дека тоа би бил најголемиот договор во историјата на фудбалот.

Можно е повторно да му биде голем ривал на Кристијано Роналдо кој веќе настапува во Саудиска Арабија за Ал Наср.

Меси е единствениот фудбалер во историјата кој освои седум „Златни топки“ и многумина сметаат дека е сензација на векот доколку одлучи да игра во Саудиска Арабија наместо да се врати во Барселона каде ги имаше најголемите успеси во кариерата или во друг европски клуб.

Лионел Меси на крајот од сезоната ќе го напушти ПСЖ!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот