Линколн Ред Импс од Гибралтар си обезбеди европска есен, Ѓорѓиевски и Клуж во плејофот на Конференциската лига
Откако на првиот натпревар резултатот беше 1:1, и во реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на Европа немаше победник меѓу Ноа од Ерменија и Линколн Ред Импс од Гибралтар (1:1). Во плејофот на ЛЕ се пласираше претставникот од Гибралтар кој беше подобар на пенали со 6:5.
Препорачано
Линколн Ред Импс кој најмалку има настап во Конференциската лига, во плејофот на ЛЕ ќе игра против португалската Брага.
Брага и по вторпат славеше против Клуж и со вкупни 4:1 оди во следната фаза. За романската екипа во реваншот играше македонскиот фудбалер Марко Ѓорѓиевски до 68 минута.
Европска есен си обезбеди и Зрињски од Босна и Херцеговина кој со вкупни 3:2 излезе како победник во двомечот против исландскиот Бреидаблик. Противник на Зрињски во плеј-офот на ЛЕ ќе биде Утрехт од Холандија.
Романскиот ФЦСБ кој беше елиминиран од Шкендија во ЛШ, успеа исто така да си обезбеди подолга европска авантура сезонава откако со вкупни 6:3 го елиминираше тимот на Дрита од Косово.
Дрита е предводена од македонскиот тренер Зекирија Рамадани, а целиот меч на реваншот за косовската екипа го одигра Егзон Бејтулаи, додека Блертон Шеји играше до 78 минута од средбата во Приштина.
ФЦСБ или поранешната Стеауа во плејофот на ЛЕ ќе игра против шкотскиот Абердин.


