Линдзи Вон/ EPA/CLAUDIO THOMA

Линдзи Вон победи на трка од Светскиот куп по седум години и сруши рекорд

Американската скијачка Линдзи Вон имаше спектакуларен настап на првата трка во спуст од новата сезона на Светскиот куп, триумфирајќи со време од 1:29,63 минути. Вон, која има 41 година, ја забележа 83. победа во кариерата и стана најстарата победничка во историјата на ова натпреварување.

Легендарната американка беше најбрза во долниот дел од патеката, достигнувајќи брзина од 119 км/ч, и го однесе првото место во Светскиот куп по 2018 година. Второто место го освои Магдалена Егер, а Миријам Пухнер заврши како третопласирана.

Вон се врати на патеките по петгодишна пауза, натпреварувајќи се со титаниумска протеза во коленото. Следниот спуст е закажан за утре, повторно во Сент Мориц, додека во вкупниот пласман води Микаела Шифрин.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот