Лилард се запиша во историјата на НБА, постигна над 20.000 поени во кариерата

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Koшаркарот на Милвоки Демијан Лилард се запиша во историјата на НБА како 51. играч кој ја поминал границата од 20 поени во кариерата.

Милвоки славеше победа против Сан Антонио со 132:119, а Лилард постигна 40 поени и така дојде до бројката од 20.034. На Лилард за оваа бројка му беа потребни 794 натпревари и тоа е 17-ти најдобар ефект во историјата.

Од активните кошаркари само седуммина имаат постигнато над 20.000 поени.

„Секако дека е нешто важно, за мене ова е голема работа и големо достигнување“, изјави Лилард по натпреварот.

Исто така лилард влезе во друштво на Леброн, Стеф Кари и Џејмс Харден како единствени кои имаат над 20.000 поени, 2.000 тројки и 5.000 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот