ФОТО | Лила прозборе за здравјето на мајка си: „Понекогаш не е сигурна кои сме“

Лила Филиповска раскажа емотивна приказна за здравјето на мајка ѝ и објави ретка семејна слика.

Мајката на познатата водителка вчера го прослави својот 81. роденден, а Лила по тој повод раскажа приказна за здравјето на мајка си и ѝ се заблагодари за сѐ што направила за неа и за брат ѝ.

„Водици е голем празник но за нас најважен… денес е родена нашата најсакана мајка. И да, таа е од оние мајки кога ќе го споменеме нејзиното име треба да застанеме. Бескрајно благодарни за сите овие години љубов и поддршка , горди на сѐ што за нас направија со нашиот татко и можноста денес да го прославиме осумдесет и првиот роденден. Понекогаш не е сигурна кои сме ние, но најважно е што ние знаеме која е таа.

Најсреќен роденден мамо, бескрајно те сакаме и да ни живееш уште долго, долго“, напиша Лила.

Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

На сликите се нејзиниот син Филип, најголемата гордост на водителката, нејзиниот брат и внуката. Лила тешко ја поднесе загубата на татко ѝ, Милан и откако на нејзиниот Фејсбук профил го врати моминското презиме Стојановска, на нејзините појавувања на телевизија Сител, ја додаде и буквата М пред презимето, во чест на татко ѝ.

Нејзиниот татко почина пред 13 години од канцер. Болеста му била доцна дијагностицирана во поодмината фаза, иако бил дисциплиниран пациент кој редовно одел на лекар.

„Сè се случуваше неочекувано брзо. Кога го загубивме ми требаше време да се соземам. И денес ми е тешко да зборувам. Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно. Баш го сакаше животот“, рече Лила во една прилика во „Женски магазин“.

Во 2023, Лила за првпат прозборе за нејзината операција од ракот на дојка во Турција. Неколку години подоцна, Лила се чувствува одлично и максимално ужива во животот.

ФОТО | „Зимска бајка“: Лила Филиповска ужива во празничната магија на Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот