Лил Вејн раскина со својата девојка: Го остави поради Доналд Трамп!
Американскиот рапер Лил Вејн (38) и неговата сега веќе поранешна девојка Денис Бидот (34) раскинаа, наводно затоа што тој јавно го поддржува сеуште актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп (74).
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Имено, „плус сајз“ моделот не го поддржува републиканскиот кандидат на претседателските избори во Америка, па таа му замерила на своето момче што е симпатизер на Трамп.
– Таа раскина со Вејн. Не само поради поддршката на Трамп, туку тоа само дополнително играше голема улога во прекинувањето на нивната врска – изјави изворот за странските медиуми.
Денис наводно била многу шокирана кога видела дека раперот го поддржува Трамп, па била ужасно разочарана и тоа довело до голема кавга, а потоа и до раскинување.

Да се потсетиме, Лил Вејн јавно го поддржа претседателот Трамп и ја пофали неговата работа за реформите во судството, како и другите резултати што ги постигна за време на неговиот мандат.
Кога Вејн се фотографирал и ја објавил фотографијата со сегашниот претседател, 50 Сент ја прокоментирал објавата и напишал,
– Не би го сторил тоа, напиша Фифти, а потоа ја реобјави сликата со Трамп и Лил Вејн и беше јасно дека станува збор за шега.


