Ликот на Мухамед Али ќе биде ставен на американската поштенска марка
Мухамед Али во една прилика низ шега изјави дека би требало да стане поштенска марка, но денес тие негови зборови стануваат и реалност.
Препорачано
Сметан за најпознатиот и највлијателен боксер на сите времиња, но и за културна икона која го спои спортскиот гениј со политички став и шоуменство, Али за првпат ќе биде одликуван со комеморативна поштенска марка на Соединетите Американски Држави.
„Како личност која на некој начин ја чува неговата трага, пресреќна сум. Навистина сум возбудена“, изјави за „Асошиејтед прес“ Лони Али, сопругата на легендарниот боксер, со која беше во брак речиси 30 години.
Секојпат кога луѓето ќе ја погледнат таа марка, ќе се сетат на него. Тој ќе биде во нивните мисли, а за мене тоа е неверојатно чувство“.
Мухамед Али почина во 2016 година на 74-годишна возраст, по повеќе од три децении борба со Паркинсоновата болест. За време на животот, но и постхумно, човекот познат како „Најголемиот“ доби бројни признанија, меѓу кои златниот олимписки медал од Рим 1960, титулата „Гласник на мирот“ од Обединетите нации во 1998 година и Претседателскиот медал на слободата во 2005 година.
Лони Али нагласува дека појавувањето на неговиот лик на поштенска марка има особена симболика, бидејќи ја истакнува неговата животна мисија, ширење сочувство и поврзување со луѓето.
„Тој тоа го правеше со еден по еден чове. Испраќањето писмо е прекрасен начин за поврзување, а оваа марка дополнително ја нагласува пораката на живот исполнет со човечност“, додаде Лоли.
Свеченоста по повод првиот ден од издавањето на марката „Muhammad Ali Forever Stamp“ е закажана за четврток во Луисвил, Кентаки, градот каде што е роден Али.
“I should be a postage stamp, because that’s the only way I’ll ever get licked.” – Muhammad Ali
Will you be joining us for the @USPS Muhammad Ali Forever Stamp First-Day Ceremony on January 15?📫 💌
RSVP here today! https://t.co/rvJ0Yluh13 pic.twitter.com/OKvlaUIBWI
— Muhammad Ali Center (@AliCenter) January 10, 2026


