Лига на нации: „Рисовите“ подготвени за битка со Грузија!

фото: инстаграм/ффм

Денеска најдобрата македонска репрезентација го имаше официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот натпревар против Грузија во рамките од Лигата на нации.

После ремито со Естонија во Талин, нашите најдобри фудбалери играат многу важен натпревар од Лигата „Ц“, за првото место во групата и чекор поблиску до повисок ранг во натпреварувањето.

Како што е веќе познато селекторот Игор Ангеловски за дуелот в среда (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје дополнително ги повика Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар, како и одбранбениот играч на Македонија Ѓ.П., Томе Китановски.

Повик доби и Агрон Руфати од младата репрезентација до 21 година. Руфати нема право на настап против Израел за Македонија до 21 година поради жолти картони. Поради повреда од комбинација за настап отпаднаа Егзон Бејтулаи, Аријан Адеми и Кристијан Тошевски, а поради жолти картони во составот ќе го немаме во составот и Енис Барди. Ферхан Хасани, исто така, нема да настапи против Грузија.

Оваа битка во главниот град меѓу Македонија и Грузија ќе служи уште подобро да се запознаат двете селекции, можеби само за „нијанса“ е помалку важен мечот од она вистинското што ќе следува на 12 ноември 2020 година и финалето во Тбилиси помеѓу овие две репрезентации за пласман на Европското првенство наредната година.

Против Грузија за 9.250.000 евра: Нема да ја пропуштиме оваа шанса!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот