Лига на Европа: Ристовски и Динамо славеа во реваншот, но Севиља оди понатаму

Пирова победа на фудбалерите на Динамо Загреб против Севиља/ фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Динамо Загреб со 1:0 ја совлада Севиља во реванш натпреварот од нокаут фазата во Лигата на Европа, но пласман во следната рунда обезбеди шпанскиот тим. Севиља славеше со вкупен резултат 3:2.

Првото полувреме на „Максимир“ во Загреб помина без многу возбудувања, гостите рутински го контролираа натпреварот и ја чуваа предноста и не му дозволија ниту еден шут на Динамо во рамките на голот.

Шпанците го контролираа натпреварот и во второто полувреме но лошата реакција на Маркос Акуња во својот шеснаесетник ги врати возбудувањата. Акуња играше со рака во казнениот простор по што судијата досуди пенал за Динамо. Сигурен реализатор на пеналот во 69. минута беше Мислав Орсиќ, но домашните фудбалери немаа сили да постигнат уште еден голи Севиља обезбеди пласман во осминафиналето.

Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски играше до 61 минута, додека Аријан Адеми поради повреда не настапи.

Фудбалерите на Порто одиграа 2:2 на гостувањето кај Лацио и со вкупен резултат 4:3 оди понатаму. Лацио поведе со голот на Чиро Имобиле во 19 минута, а Порто само 12 минути подоцна израмни преку Тареми.
Пласманот во следната рунда на Порто го обезбеди Урибе со голот во 68 минута, а Лацио единствено што успеа да направи до крајот беше да се спаси од нов пораз и тоа во 95 минута со голот на Каталди.


Аталанта и во вториот натпревар го победи Олимпијакос (0:3) и во осминафиналето оди со вкупен резултат 1:5.

Пласман во осминафиналето обезбеди и Лајпциг кој со 3:1 победи на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Резултати:
Динамо Загреб – Севиља 1:0 1:3 прв нат.
Лацио – Порто 2:2 1:2 прв нат.
Олимпијакос – Аталанта 0:3 1:2
Реал Сосиедад – Лајпциг 1:3 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот