Лига куп: Ливерпул броеше до седум, Сити го слави Фоден! (ВИДЕО)

Фото: твитер

Денеска се одиграа уште три натпревари од 1/16 финалето во Лига купот, Ливерпул и Манчестер сити ги оправдаа фаворитските улоги, а триумфираше и екипата на Астон Вила.

Ливерпул со резултат 2:7 го елиминираше составот на Линколн, после првото полувреме беше 0:4 за играчите на Јирген Клоп. Шаќири ја започна голеадата во деветтата минута, предноста ја зголеми Минамино, а во период од четири минути двапати во листата на стрелците се запиша Џонс.

Минамино на стартот од вториот дел дојде и до вториот погодок, а свои голови имаа уште Грујиќ и Ориги. На спротивната страна стрелаа Едун и Монстма.

Манчестер сити нешто потешко од очекувата славеше против Борнмут, на „Етихад“ водство за „граѓаните“ донесе Делап во 18 минута, а само четири минути подоцна израмнија гостите преку Сариџ.

Конечниот епилог го постави Фоден (асистентот на првиот погодок за Сити) кој среќно во 75 минута искористи една одбиена топка и ја испрати во мрежата на Траверс за конечни 2:1.

На последниот дуел Астон Вила со 0:3 беше подобра од Бристол сити, головите беа дело на Ел-Гази, Траоре и Воткинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот