Лига Европа: Среќен финишот за Селтик и Арсенал! (ВИДЕО)

twitter.com/EuropaLeague

Вечерва се комплетираше третото коло во фудбалската Лига Европа, Арсенал триумфираше против Гимараеш (3:2), а Селтик против Лацио (1:1).

На дуелот во Лондон, уште од деветтата минута поведе португалскиот претставник преку Едвардс, па израмни Мартинели за „топчиите“. Пет минути подоцна повторно беше затресена домашната мрежа од страна на Дуарте. Премиерлигашот направи комплетен пресврт благодарение на Пепе кој двапати се запиша во листата на стрелците.

На дуелот во Глазгов екипата на Лацио поведе со 0:1 против шкотскиот гигант преку Лаѕари во 40 минута. За нов егал се погрижи Кристи во 67 минута после асистенцијата на Едуард, а трите бода Шкотите ги обезбедија преку Џулиен, а овојпат Кристи беше во улога на асистент (89. минута).

Претходно објавивме дека Манчестер јунајтед славеше минимално на гостувањето во Белград, а Борусија Менхенгладбах во самиот финиш извлече бод против Рома.

Лига Европа, 3. коло 

Резултати – 

Арсенал-Гимараеш 3:2
Селтик-Лацио 2:1
Динамо Киев-ФК Копенхаген 1:1
Ајнтрахт Франкфурт-Ст. Лиеж 2:1
Хетафе-Базел 0:1
Малме-Лугано 2:1
ПСВ-ЛАСК Линц 0:0
Рен-Клуж 0:1
Севиља-Дуделанж 3:0
Спортинг-Розенборг 1:0
Трабзонспор-Краснодар 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот