Лига Европа, 1/8: Рома го доби Брајтон, чешки предизвици за Ливерпул и Милан

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Денеска со жрепка во Нион, Швајцарија, се извлекоа паровите за осминафиналната фаза во фудбалската Лига Европа.

Еден од фаворитите за трофејот, Рома, за противник го доби Брајтон, потоа Баер Леверкузен ќе игра против Карабах од Азербејџан.

Ливерпул, кој исто така е еден од кандидатите со амбиции да игра во финалето на 22 мај во Даблин, ќе се соочи со Спарта Прага.

И Милан доби ривал од Чешка, тоа е екипата на Славија Прага, а се очекува да биде доста интересно и на дуелит Фрајбург – Вест хем.

Првите натпревари ќе се играат на 7 март, а реванш средбите се седум дена подоцна.

Лига Европа 2023/24

Осминафинале, двојки –

Спарта Прага – Ливерпул
Олимпик Марсеј – Виљареал
Рома – Брајтон
Бенфика – Ренџерс

Фрајбург – Вест хем
Спортинг – Аталанта
Милан – Славија Прага
Карабах – Баер Леверкузен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот