Либискиот премиер: Калифа Хафтар е воен злосторник
Слободен печат
Пред
Тој кажа дека меѓународно признатата Влада на национално единство „секогаш покажувала подготвеност да се тргне напред на патот кон мир и стабилност”.
Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ во говор пред Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева денеска го осуди гранатирањето на цивилните подрачја и аеродроми во неговата земја, нарекувајќи го воениот противник, генералот Калифа Хафтар, „воен злосторник”, јавија британските медиуми.
– На децата им е одземено правото на образование заради гранатирањата и затворањата на училиштата поради напаѓачот и поради оние кои го финансираат истиот напаѓач и му даваат оружје. Тие мора да се земат на одговорност, порача Ал-Сараџ, пренесе Фена.
Тој кажа дека меѓународно признатата Влада на национално единство „секогаш покажувала подготвеност да се тргне напред на патот кон мир и стабилност”.
Политичките разговори меѓу двете страни ќе се одржат во среда во Женева.
Либија е центар на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога по интервенцијата на НАТО од власта беше соборен и подоцна и убиен дотогашниот долгогодишен неприкосновен лидер Моамер ел-Гадафи.
Силите предводени од генералот Хафтар во април минатата година почнаа офанзива врз Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата за национално единство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФОТО | Kлоп со една фотографија од Светското првенство ги налути навивачите на Звезда 2 Осомничените за труењето на гостиварци одат 30 дена во „Шутка“, судот им определи притвор 3 ФОТО | Сидни …