Лиам Нисон се откажува од акционите филмови

Фото: Профимедиа

Актерот Лиам Нисон изненади многумина со својата изјава дека повеќе нема да глуми во акциони филмови.

„Наскоро полнам 69 години и имам уште неколку снимања да одработам доколку тоа ми го дозволи коронавирусот, но тоа ќе биде тоа“, изјави актерот за „ENews“.

„Мојата одлука е конечна, освен ако не ме присилат на спротивното“, се пошегува тој.

Фото: Профимедиа

Нисон својата актерска кариера ја започна на средината на 70-те години од минатиот век, а од тогаш до денес оствари низа клучни и запаметени улоги.

Видео на денот