Тампони/Фото: Marta Branco/Pexels

Жени, летувајте безгрижно: Еве зошто не мора да се плашите дека ќе ви испадне тампонот

Годишните одмори се во полн ек, а многубројни жени и девојки подготвувајќи се за летување, во својата патничка торба носат и тампони, поради менструалниот циклус кој ги ќе ги задеси токму на одморот. Со оглед на тоа дека некои жени сè уште чувствуваат непријатност на самата помисла за користењето на тампоните, се позанимавме со еден од поголемите митови. Еве зошто не треба да се плашите дека ќе ви испадне тампонот ако правилно го ставите и кои се најголемите грешки кои ги правите при употребата на тампонот.

Вагината е мускулен отвор кој го поддржуваат дополнителни мускули. Ако сте успеале да го ставите тампонот, можете да бидете сигурни дека тој таму ќе остане апсолутно без никакви проблеми, всушност, нема ни да го почувствувате. Тоа е поради тоа што внатрешноста на вагината има мошне малку нервни завршетоци во однос на остатокот на вагиналното ткиво, а се состои од мускули.
Тие мускули делумно се опуштаат во текот на сексуалниот однос, но во текот на менструацијата можете да бидете сигурни дека ќе бидат напнати цело време, бидејќи тоа е нивната природна состојба.

До опасност од лизгање на тампонот доаѓа само кога тој е многу натопен. Обично ќе почувствувате дека тампонот лизга кога ќе почне да се приближува кон вагиналниот влез, кој има многу повеќе нервни завршетоци отколку внатрешноста на вагината. Но, во тој момент секако е време да го извадите и да го замените со друг, а чувството што ви го дава тампонот е добро предупредување на тоа.

Како правилно да ставите тампон?

1. Измијте ги рацете пред вметнувањето на тампонот. Логично е дека ќе ги измиеме рацете по вметнувањето на тампонот, но често забораваме да ги измиеме пред користењето, што е уште поважно. Ова обично се случува во брзање, но може да има опасни последици. На пример, ако сте на работа или во постојан контакт со тастатурата која, како што сите знаеме, е повалкана од тоалетната школка, бактериите лесно можат од прстите да дојдат во вагината.
2. Тампонот вметнете го толку длабоко за да не го чувствувате кога ќе станете. Една од најчестите и најнепријатните грешки е тоа што не го аплицирате доволно длабоко. Ако го почувствувате во телото, тоа значи дека тампонот не сте го сместиле доволно длабоко. Во текот на ставањето, во моментот кога ќе пројде низ влезниот дел на вагината, тампонот во секунда сам се „наместува“. Ако не „се сместил“ на местото, ќе почувствувате непријатност и триење. Исто така, ако е ставен премногу плитко, повеќе сте изложени на бактериите и надворешните нехигиенски услови.
Ако не можете тампонот да го бутнете подлабоко, тоа можеби е затоа што менструацијата ви е при крај. Во тој случај немојте со сила да го буткате тампонот, особено ако ве боли.
3. Користете големина на тампон која ви одговара.
4. Менувајте го тампонот на секои 4 до 8 часа. Не смеете да го оставате тампонот подолго отколку што пишува на амбалажата. Голем број жени во текот на најслабото менструално крвавење тампонот го оставаат во телото подолго, бидејќи не постои опасност од истекување на менстрауцијата. Но, без оглед на интензитетот на менструацијата, тампонот треба често да се менува, бидејќи влагата и топлината во телото многу брзо стануваат совршено место за размножување на бактериите. Колку што е подолго внатре, опасноста од инфекции станува се поголема.
5. Тампонот променете го секој пат кога ќе излезете од вода – базен/езеро/море, и по одењето во тоалет. Од медицински апспект и од упатството на декларацијата, тампонот не треба да се менува секој пат по извршувањето на нуждата. Но, од женска перспектива, кончето во текот на уринирањето се навлажнува, а по извршувањето на големата нужда може да се извалка, па да стане преносник на бактерии.
6. Користете тампони со помала моќ на впивање. Иако тампоните кои имаат поголема моќ на впивање изгледаат како пологичен избор, тампоните кои помалку впиваат се подобра опција, бидејќи ќе мора почесто да ги менувате. Така што речиси никогаш нема да ви се случи да заборавите да го промените тампонот и да го оставите подолго отколку што е препорачано.

Го ставате за секој случај

Треба да добиете менструација па, за да не ве изненади, за секој случај ставате тампон. Ова сценарио е многу често кај жените, но би требало сите да го избегнувате. Тампонот има улога на впивање на влагата, па тоа ќе го направи и со вагиналните сокови. Исушената слузница ќе ја наруши вагиналната флора, па може да доведе до габично заболување. Истото се однесува и на користењето на тампонот по менстрауцијата.

Не одете на спиење со тампонот во себе

Спиењето со тампон секако би требало да се избегнува. Ова правило особено се однесува на тоа дека тампонот не се става ако планирате да спиете подолго од осум часа. Во случај тоа сепак да го одлучите, ставете го пред самото одење во кревет и со аларм ставете потсетник да го извадите веднаш кога ќе се разбудите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот