Летното сметање на времето предизвикува хаос во Либан

Либан/ Фото Elisa Gestri / ddp USA / Profimedia

Преминувањето на летното сметање на времето предизвика хаос во Либан Во неделата во оваа медитеранска земја, но и во Европа, добар дел од луѓето го поместиле часовникот 60 минути наназад. Меѓутоа, непосредно пред Либанците да почнат да ги враќаат часовниците назад, дојде до промена во мерењето на времето. Имено, оваа година Рамазан падна меѓу март и април.

За време на овој свет месец, муслиманите не смеат да јадат и пијат додека трае периодот на постот. Летното сметање на времето, на кое сите сме се префрлиле сега, за нив би значело дека сонцето заоѓа во 19 часот наместо во 18 часот, што значи дека ќе треба да трпат уште еден час пред да се освежат. Поради оваа причина, премиерот Наџиб Микати одлучи да ја премести транзицијата на летно сметање на времето на 12 април, што во јавноста се сфаќа како чин на поддршка за муслиманскиот дел од населението. Меѓутоа, во оваа земја власта е поделена меѓу сунитските и шиитите муслимани и христијаните.

Христијанската црква се спротивстави на ова бидејќи христијаните не беа консултирани за временската смена, објави Каматица. Со оглед на фактот дека во оваа земја верските функционери се почитуваат исто колку и политичките функционери, сите ги послушаа своите водачи, па некои жители на Либан почнаа да живеат и работат во една временска зона, а други во друга. На аеродромот во Бејрут, таблата што го прикажува времето на поаѓање и пристигнување покажува два пати за исти летови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот