Летни афродизијаци што докажуваат дека љубовта оди преку стомакот

pixabay

Знаевте дека семките од лубеница делуваат слично на „вијагра“ или дека доматот уште од најдалечните времиња бил наречен јаболко на љубовта?

Достапни се насекаде особено во текот на летото, некои ни служат да се освежиме, а други пак се додаток на јадењето, но сите подеднакво делуваат на зголемување на желбата за љубов и на возбудата.

Лубеница

Научниците откриле дека семките од лубеницата делуваат слично како „вијагра“, па затоа се препорачуваат како помош при постигнување на ерекција.

Домати

Верувале или не, доматот уште од најдалечните времиња се користел како афродизијак, па оттука и го носи името „јаболко на љубовта“.

Лути пиперчиња

Лутите пиперчиња ја забрзуваат работата на срцето и на целиот метаболизам, но исто така предизвикуваат лачење на ендорфин кој предизвикува добро расположение и зголемена возбуда.

Тартуфи

Таканаречените црни дијаманти кои се всушност вид на печурки не само што се наоѓаат на самиот врв на гастрономијата туку се и одлични афродизијаци. Содржат феромони кои се слични на оние кои животните ги излачуваат за време на сексуалниот „повик“.

Смокви

Смоквите од најстарите времиња се користеле за плодност, па оттука се сметаат и за симболи на љубовта. Според старите верувања ако смоквите ги посипете со малку мед афродизијачкото дејство ќе биде уште поголемо.

Вино Розе

Токму ваквото вино се смета дека ја буди желбата за секс, и кај мажите и кај жените. Сепак со ваквиот афродизијак мора да се биде умерeн зашто ако повеќе од него се испие ефектот може да биде спротивен.

Бразилски оревчиња

Богати се со селен, цинк и минерали кои позитивно влијаат на зголемување на бројот на сперматозоиди, но и ја зголемуваат возбудата особено кај мажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот