Летна „бомба“: Роналдо ќе го напушти Олд Трафорд и се сели во Челси!?

Рио Фердинанд застана во одбрана на Кристијано Роналдо/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо е популарен и во овој летен преоден рок. Португалецот изгледа не оди како што планираше во Манчестер јунајтед, од ден на ден го поврзуваат со трансфер надвор од неговиот сакан клуб. Роналдо досега беше наводна мета на клубови како Рома, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

И сега го имаме Челси во таа група на заинтересирани клубови. Според „Дејли Мејл“, Жорж Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо, имал состанок со Тод Боли, кој е сопственик на лондонските „сини“ од мај.

Понатамошната судбина на Португалецот беше само една од темите на средбата, ќе видиме дали двете страни ќе ја конкретизираат потенцијалната соработка.

Од Челси можат да му ги исполнат финансиските услови, Ромелу Лукаку е „вратен“ во Интер и му треба напаѓач, а клубот од „Стемфорд Бриџ“ и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, што не е случај со „црвените ѓаволи“.

Очигледно е незадоволството на Роналдо, Јунајтед не донесе ниту еден играч во актуелниот преоден рок, додека некои ривалски клубови веќе се активни во првите денови од рокот.

Баерн нема намера да го носи Роналдо на „Алијанц арената“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот