Лепа Брена ќе настапи на „Тиквешки гроздобер 2023“

Фото: Instagram/ LepaBrena

Од седми до десети септември во Кавадарци ќе се одржи традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Локалната самоуправа одобри 5.300.000 денари, а другите средства планирано е да се обезбедат од спонзори и донатори на фестивалот.

Богатата програма за оваа манифестација го вклучува настапот на легендарната српска пејачка Лепа Брена. Меѓу останатите изведувачи ќе бидат и Халид Бешлиќ, Дарко Лазиќ и групата „Хурикејн“, а ќе има и изведувачи од македонската музичка сцена.

Во програмата е предвидено и карневалско дефиле, културни настани, изложба на олдтајмери, мото рели, таблијада, огномет,кој се составен дел на „Тиквешки гроздобер“ а манифестацијата ќе се одржи од седми до десетти септември. Ќе бидат презентирани тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот