Леонардо Бонучи ја повлече тужбата против Јувентус

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус соопшти дека поранешниот играч на таа екипа, Леонардо Бонучи, ги повлече правните мерки против „бјанконерите“ поради „нарушување на угледот“.

Бонучи му се налутил на клубот поради третманот на кој бил изложен, бидејќи со одлука на тренерот не смеел да тренира со соиграчите, па од тука и причината да поднесе тужба. Тој статус го имаше ова лето се додека не го напушти клубот и се пресели во Унион Берлин.

Потоа најави дека ќе поднесе тужба против Јувентус кој, како што рече, не го испочитувал колективниот договор кој здружението на играчи го потпишал со сите клубови во Италија.

Се чини дека времето го направи своето, па Бонучи нема да поднесе тужба против клубот во кој го помина најголемиот дел од кариерата.

– Леонардо Бонучи ја повлече својата арбитражна жалба против Јувентус кој го прифати неговото повлекување – се вели во соопштението на клубот од Торино.

Со тој чин, Бонучи практично му го прости на Јувентус најтешкиот период кој го преживеа во клубот.

– Така е решен спорот, без финансиски последици. Јувентус и Леонардо Бонучи се целосно задоволни од расплетот на овој случај, кој на крајот ги остави неизвалкани победничките моменти кои двете страни ги имаа во текот на сите претходни години – стои во објавата на клубот.

Бонучи одигра 502 натпревари за Јуве, постигна 35 гола и освои осум титули во Серија А со „Старата дама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот