Лековити плодови на есента: Дуњата спречува инфективни болести

Дуњата одамна се користи во народната медицина како средство за ублажување на кашлицата и за смирување на стомачните проблеми. Лековити се сите делови на дуњата: плодот, лисјата и семките, а особено сокот и сирупот од плодот.

Плодот на дуњата изобилува со витамини и минерали. Содржи огромни количини на витамин Ц, но и на Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Дуњата е совршена за диета, бидејќи содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Благодарение на танинот и слузта, дуњата е благодет за работењето на цревата и ги спречува инфективните болести. Бидејќи содржи и многу пектин, го намалува крвниот притисок.

Сокот од дуња лекува кашлица, астма и пролив. Печена или варена дуња се препорачува за анемични лица, како и за оние коишто имаат проблеми со стомакот. Дуњата ја лекува слузокожата на ждрелото, крајниците, дишните патишта, ги ублажува обилните менструации.
Чајот од семки од дуња лекува несоница, ја ублажува напнатоста и го отстранува лошиот здив, додека слузта од семките лекува изгореници и рани. Чајот од лисја од дуња е одличен природен лек за запирање на проливот.

Чај од плодот на дуња за кашлица и бронхитис

Измијте, исчистете го од семките и меснатиот дел исечете го на ливчиња и полијте го со литар вода. Варете умерено од 15 до 20 минути, покријте го и кога ќе се излади, процедете го. Пијте го во голтки во текот на целиот ден.

Сируп од пет семки за бронхитис

Издробете пет семки од дуња и прелијте ги со 100 мл вода. Кога ќе се формира густа слузеста маса, додадете 15 грама свеж сок од боквица и 100 грама мед од жалфија. Земете по една лажичка трипати на ден пред јадење.

Што е најлековито?

Семките се најлековитиот дел и кога ќе отстојат во вода, ослободуваат слуз која е одлична за кашлица. Содржат витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Богати се со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина …

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот